Во галеријата Арт55 во Ниш, Србија, утре (5 јуни) ќе биде отворена изложбата на струшкиот ликовен уметник Горан Ристовски, под наслов „Траги — Избришани пејсажи“. Изложбата ќе опфати цртежи и графики од најновиот циклус на уметникот, а ќе биде достапна за публиката до 17 јуни 2025 година.

Ристовски е еден од шесте уметници избрани преку отворен конкурс за 2025 година, кои добија можност да изложуваат во оваа престижна галерија во Ниш. Изложбата претставува значајно признание за македонскиот автор, кој преку својот уникатен стил ја истражува темата на траги, меморија и избришан пејзаж.

Повеќе информации за галеријата и изложбата може да се најдат на официјалната страница: https://art55.rs




