Стручниот штаб и тренерот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го објавуваат списокот на повикани ракометари за претстојните пријателски натпревари. Во рамки на ЕХФ националната недела нашата младинска репрезентација ќе оддигра пријателски средби против репрезентациите на Полска и Алжир.
Пријателските средби ќе бидат оддигра во полскиот град Олецко, а нашата младинска селекција на 13.03 ќе го оддигра првиот пријателски натпревар против селекцијата на Полска, а ден подоцна ќе оддигра уште една пријателска средба против селекцијата на Алжир.
Собирот е закажан на ден 10.03.2025 година (понеделник) со почеток во 13.00 часот во Хотел Карпош во Скопје.
Дополнителен повик од селекторот Стојановиќ за подготовките доби Немања Џигероски играчот на РК Струга поради повреди на некои од ракометарите.
Талентираниот Џигероски денес одигра значајна улога во тимот на Танески кој освои важен бод против фаворитот Тиквеш.
Покрај Џигероски во кадетската репрезентација настапуваат Матески, Велјаноски и Мечкароски, па Струга уште еднаш покажува дека е најракометниот град на Македонија со најмногу репрезентативци по глава на жител.




