Стартни победи реализираа екипите на Шкупи, Маџари и Ангели во првите натпревари од четвртфиналната серија од разигрувањето
Екипите кои беа подоброрангирани на крајот на регуларниот дел, и имаа фаворитска улога, го оправдаа тоа со стартни победи на почетокот од разигрувањето за пополнување на две места во Првата лига.
Најубедлив старт имаше екипата нa Шкупи која со (110:74) славеше победа над велешки Борец Баскет. По релативно изедначениот почеток, екипата од Скопје имаше фуриозни десет минути. Во втората четвртина домаќините направија (39-15) за релаксирани втори 20.минути.
Во победничката екипа која се стекна со почетна предност (1-0) во серијата, листата на стрелците, со 19. поени ја предводеше Даниел Балоски (погоди 6 тројки), Џеладини стрелаше за 16, капитенот Камбери беше реализатор на 15.поени, Тачи постигна 13, а Димитровски уште 11.поени.
Во гостинската, Карталовиќ уфрли 16.поени, а Камишев и Колев додадоа по 13.