Кадетите на Мулти Есенс остварија убедлива победа на гостувањето кај Радовиш со 63:29, а значаен придонес во триумфот имаше младиот ракометар Ангел Кленковски.
Стружанецот одигра одличен натпревар и постигна 21 погодок, покажувајќи сигурност и ефикасност во нападот. Со својата игра беше еден од најзаслужните за високата предност што неговиот тим ја изгради уште во првото полувреме.





