Во организација на Џудо Федерација на Македонија се одржа Државното првенство каде младите надежи го покажаа својот квалитет, дисциплина и шампионски дух. Овој настан беше вистински празник на спортот и доказ дека Струга гради силна и светла спортска иднина за нашиот град и за Република Македонија.
🥋 Помлади пионери/к🥇 Катерина Клењоска (-52кг) – 1 место
🥇 Елеонора Јосифоска (-57кг) – 1 место
🥇 Давид Спироски (-55кг) – 1 место
🥇 Енил Ајдиноски (-60кг) – 1 место
🥈 Мила Стојанова (-48кг) – 2 место
🥈 Мунир Ајдуноски (-50кг) – 2 место
🥉 Мартина Салви (-52кг) – 3 место
🥉 Ајлин Бајрамоска (-36кг) – 3 место
🥉 Славјан Чаторошкоски (-34кг) – 3 место
🥉 Ненад Костоски (-38кг) – 3 место
🥉Дамјан Пејоски (-38кг) -3 место
🥋 Јуниори/ки
🥇 Анамарија Стојмиловска (-52кг) – 1 место
🥇 Теа Донева (-63кг) – 1 место
🥈 Мишела Јаулевска (-63кг) – 2 место
🥈 Лука Колевски (-73кг) – 2 место
Овие млади џудисти се гордоста на Струга! ❤️Тие покажаа дека со напорна работа, дисциплина и верба во себе можат да се постигнат големи успеси.
Секој освоен медал е чекор напред кон уште поголеми натпревари, европски и светски сцени.
Струга има шампиони. Македонија има иднина. А овие деца се доказ дека најдоброто допрва доаѓа!




