Струшките велосипедисти го подигаат на повисоко ниво авантуристичкиот туризам.
Утре,сабота 22 јуни, струшките бајкери организираат прегугранично возење планински велосипеди. Турата започнува од ,,Кореа” па низ Лабуништа,Бороец ќе се искачат до Лакајца.Од Лакајца преку ,,зелен појас” велосипедистите ќе преминат на албанска страна и ќе возат низ селата од Голо Брдо (Стеблево,Клење,Ѓиновец,Требиште).На македонска територија ќе преминат кај селото Џепиште.
Овој настан е организиран од здружението Рупикапра МТБ Струга ,а поддржан и помогнат од македонското МВР , Амбасадата на Република Албанија,Амбасадата на Словачка и лично амбасадорот Хенрик Маркуш кој исто така ќе им се придружи на бајкерите.

,,Настанот е со цел промоција на регионална прекугранична соработка,создавајќи мостови на пријателство и заеднички развој.Преку настанов испраќаме порака за отвореност и добрососедски односи зајакнувајќи ги врските меѓу нашите народи”-изјави Душан Шутиноски претседател на здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга.
,,Даваме огромна поддршка на идејата за одржлив еко туризам,промовирајќи соживот, здрав начин на живот и еколошка свест”-изјави Илир Ибраими од Mountain bikers Struga.




