Женскиот ракометен клуб Струга продолжува со одличните настапи во Првата женска лига. Стружанки ја забележаа третата победа во третиот натпревар од новата сезона, откако на гостувањето во Скопје убедливо го совладаа составот на Шампион со 24-16, на полувремето имаа предност од 10-7.
Избраничките на струшкиот тим одиграа одличен натпревар и уште еднаш покажаа дека имаат сериозен потенцијал за високи дострели оваа сезона. Струга ја презеде контролата над резултатот, а со уште подобра игра во второто полувреме ја потврди заслужената победа.
Најзаслужни за триумфот беа Матеа Димитроска со седум и Леа Пејоска со шест погодоци.
Со овој триумф Струга има максимален ефект од три победи на три натпревари и продолжува со одличниот почеток на сезоната.
4 октомври 2026, Спортска сала „Антон Димитров“, Скопје
Шампион – Струга 16-24 (7-10)
Шампион – стрелци:
- Божиновска Бојана – 4
- Ивановска Ивона – 3
- Костеска Калина – 2
- Бошковска Евгенија – 2
- Трпкова Ева – 2
- Ристевска Ана – 2
- Петровска Миа – 1
Струга – стрелци:
- Димитроска Матеа – 7
- Пејоска Леа – 6
- Симоновска Калина – 3
- Ѓонеска Елена – 3
- Аштaлковска Маја – 2
- Пејоска Ива – 2
- Атанасовска Емилија – 1
Состави
Шампион: Мила Костадинова, Калина Костеска, Маја Петровска, Маријана Буразер, Ивона Ивановска, Калина Саздановска, Радмила Сазданова, Евгенија Бошковска, Бојана Божиновска, Наташа Спасовска, Ева Трпкова, Христина Трајанова, Миа Петровска и Ана Ристевска.
Стручен штаб: Слободан Чивлачки и Марија Бојковска.
Струга: Есра Гузи, Леа Пејоска, Елена Ѓонеска, Маја Аштaлковска, Сара Коруновска, Ива Пејоска, Матеа Димитроска, Николина Паноска, Калина Симоновска, Теодора Јанковска, Матеа Димоски, Евгенија Димовска, Јана Петреска, Ива Дафинческа и Емилија Атанасовска.
Стручен штаб: Теодора Гулицоска и Делфина Пејоска.
www.javisejuzna.mk — пријател на македонскиот ракомет




