Ракометарите на Струга славеа нагости против Голден Арт КЛ7 со 23-28 (полувреме 8-13) и се на чекор од пласман во Плеј-офот. Кај победникот Рајатовски со 8 гола беше најпрецизен пред Лакичевиќ и Илиевски со по 6 гола, додека на голот блескаше Јовановски со 14 одбрани. Кај КЛ 7 се истакна Ѓорговски со 6 гола.



