Пивотот Никола Летиќ висок 196 цм, и тежок 103 кг, е првото засилување за РК Струга во новата сезона.
Никола Летиќ доаѓа од тимот на Невесиње и е младински репрезентативец на Босна и Херцеговина.
Летиќ потекнува од тимот на Локомотива Брчко, а две сезони има играно и за Борац Бања Лука.




