Екипата на РК Струга вечерва славеше против прволигашот РК Аеродром со 30-23 (полувреме 12-9).
Суперлигашот Струга во текот на целиот натпревар на отвореното ракометно игралиште “Горан Попоски- Бабец” кај женска плажа водеше во еден момент и со 10 разлика. Во вториот дел шанса добија и помладите ракометари во тимот.



