Струга славеше победа на гостински терен кај Радовиш со 22-28 во плеј-аутот од Суперлигата. Ова беше четврта победа за стружани над Радовиш оваа сезона.
Најдобар кај Струга беше Жарко Бајрактаревиќ со 7 гола, Славе Јанкоски додаде 6 погодоци, додека Бобан Блажески погоди 5 пати.