Викендов на програмата се натпреварите од 7.коло во машката Суперлига. Во групата А колото го отвараат шампионот Вардар кој ја пречекува Струга. Дербито се игра во недела кога се среќаваат Алкалоид и Бутел. Во останатите два дуели Прилеп го пречекува Куманово, додека Охрид игра дома со Неготино.