Столе Смилковски освои сребрен медал во категоријата -67 кг за помлади сениори на последниот ден од Европското првенство во Тампере, Финска и со тоа донесе нов медал за македонското карате.
Во првото коло Смилковски го победи шпанецот Алекс Ортиз Де Зарате со 4:1, во второто коло против Естонецот Макар Навитски победи со 2:0, во третото коло беше подобар и од Швајцарецот Матијас Брунер со 4:2. Во четвртото коло го победи Азербејџанецот Хусеин Мамадли со резултат 4:1 а во полуфиналето и Русинот Егор Пулкин со 2:0. Во мечот за златото нашиот каратист загуби од Алтунер Јилмаз Екрем од Турција.



