Денеска прволигашот Македонија ЃП го промовираше своето ново летно засилување, станува збор за чуварот на мрежата Христијан Стевковски.
Овој голман е младински репрезентативец на Македонија и досега ги бранеше боите на второлигашкиот клуб Скопје.
Досега во составот на тренерот Жикица Тасевски како нов играч дојде уште Дејан Стошиќ. Претходно договорите ги продолжија Мартин Ковачев, Боби Божиновски, Ермедин Адем, Кристијан Филиповски.
Како што информираше клубот уште пред осум дена, двајца играчи беа позитивни на Ковид-19, тие се дома и во добра состојба и без никакви симптоми.
Ги откажаа пријателските дуели со Работнички и Академија Пандев, повторно ќе се има тестирање на целата екипа да се потврди дека сите фудбалери се негативни. Апелираат „лавовите“ од Ѓорче Петров да не се играат натпревари без тестирање.