На Олимписките игри во натпреварите во скијање слободен стил, Александар Абраменко, освои сребро во акробации и им го донесе на Украинците првиот медал во Пекинг.

Украинецот првите честитки ги доби од Русинот Илја Буров кој го освои бронзениот медал. Со ова двајцата спортисти испратија порака дека спортот треба да се остави надвор од политиката.



