Македонската репрезентација вечер од 20:45 часот против Лихтенштајн во Вадуц го игра натпреварот од 7. коло од квалификациите за СП 2022. На официјалната прес-конференција вчера своите очекувања ги искажаа селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот Стефан Спировски.
Стефан Спировски – репрезентативец:
„Фаворитската улога е на наша страна, не бегаме од неа. Наше е да дадеме максимум на теренот. Ако го исполниме тоа, сметам дека нема од што да се плашиме.Во модерниот фудбал сметам дека не постојат апсолутни фаворити. Мора да ја одиграме нашата игра, а ако тоа го исполниме ќе победиме на овој дуел.. Во септемвриските дуели ни недостигаше малку среќа, направивме доволно шанси за голови, ама факторот на среќа не нè посака. На тие три дуели можевме да освоиме сигурно четири бода повеќе“.