МЗТ Скопје Аеродром запиша нова веќе шеста победа во АБА лига 2 оовј пат над црногорски Ловќен со резултат од 96:55. Металците имаа феноменален шут од далечина, а освен тоа и гранитна одрана и при тоа се дојде до лесен и убедлив триумф.
Дамјан Стојановски со 15 поени беше најпрецизен во нашиот тим, Бојан Крстевски и Хасани Гравет реализираа по 13 поени, а Бојиќ 11 поени. Кристијан Николов средбата ја заврши со 9 поени, Андреј Магдевски постигна 8 поени со 5 асистенции, а за одбележување е и настапот на Френк Тарнер со 6 поени, 6 скока и 4 асистенции. МЗТ сега е втор на табелата со скор 6-3, во пресрет на последниот меч од турнирот во Сараево, задутре против Младост Земун од 16 часот.