Искусниот јапонски фудбалер, Кеисуке Хонда е претставен како нов играч на азербејџанскиот клуб Нефчи од Баку. Хонда кој има 34 години, се прослави со игрите во ЦСКА Москва и Милан во периодот од 2010 до 2017 година.
После авантурата во Бразил, Хонда се сели во Азербејџан и до крајот на сезонава потпиша договор со клубот за кој што голема трага има оставено екс репрезентативецот на Македонија, Игор Митрески, а дел од кариерата во Нефчи беше и Славчо Георгиевски.



