Стручниот тим-менаџер на Еурофарм Пелистер Звонко Шундовски изјави:
Јас сум тука да го поддржам битолкскиот ракомет најпрво, но и да му помогнам на Александар. Тука сме сите заедно да ја донесеме титулата во Битола. Многу од играчите доаѓаат од различни држави и можеби не разбираат на кој начин треба да ја вратиме титулата која ја нема долго време во Битола.
Јас го следам клубот цело време, ги знам сите играчи и мислам дека се многу добри, но фали нешто, има некој мал проблем, за кој сме дојдени да го пронајдеме и решиме. Но и Вие, играчите, треба да помогнете да ја вратиме двојната титула во најракометниот град. Знаеме дека имаме малку време, ќе направиме што можеме да успееме во целите до крајот на сезоната, изјави Шундовски на првиот собир.