Клубскиот колега на Мартин Томовски словенечкиот голман Горазд Шкоф, кој има 43 години изјави дека во наредната сезона во Бундес лигата Лудвигсхафен треба да се потпре на квалитетите на Македонскиот репрезентативец, а тој е тука како негова поддршка.
„Малку сум постар, затоа треба повеќе да го форсираме Мартин во прв план. Тој мора да добие поголема минутажа на голот“, изјави Шкоф.