Еурофарм Пелистер славеше потешко од очекувањата против Прилеп со 33:38 на последниот натпревар од оваа сезона. Отпорот на Прилеп беше скршен во последните неколку минути од средбата.
Најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Павле Петровиќ со 10 погодоци, пред Ненад Костески со 6 погодоци. Денис Шабановиќ со 8 погодоци беше најефикасен во Прилеп, додека Давид Трајкоски и Никола Цветаноски постигнаа по 6 гола.




