Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе со својот нов автомобил – Ферари 488 В8, специјално дизајнирано за неговите европски предизвици во 2024 година е подготвен за стартот на новата сезона.

Македонскиот шампион новата сезона ќе ја отвори во Австрија на 26. април 2024 година, а потоа ќе вози во Шпанија, Португалија, Чешка, Германија, Италија, Полска, Швајцарија, Словенија и Хрватска.





