Цветан Кузманоски и Ненад Костески крилата на шампионите Еурофарм Пелистер денес ги посетија и одржаа заеднички тренинг со “сребрените” кадети од матичниот клуб РК Струга.
Доказ дека не случајно Струга е ракометен град говори и денешната фотографија. Тренерот на првиот тим Наум Танески работи напорно и после завршувањето на сезоната. Тој секојдневно има тренинзи со вицешампионите во кадетска конкуренција во Македонија и со дел од помладите категории.

Младите ракометари на Рк Струга денес на големо задоволство денес одработија тренинг со Цветан Кузманоски и Ненад Костески членови на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.