РК Алкалоид убедливо славеше над РК Вест Виена од Австрија со 38:27 во рамки на првиот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп!
Најдобар стрелец во нашиот тим беше Александар Петковски со десет гола, пред Мартин Серафимов со осум и Марко Митев со седум гола. Кај голманите, Иван Галевски имаше десет одбрани, а Благојче Трајковски забележа шест одбрани.
Вториот дуел кој ќе го даде патникот во осминафиналето, РК Алкалоид и РК Вест Виена го играат во сабота од 19:00 часот во салата „Автокоманда“.




