Сениорките на Струга 2009 подобри од Спорт Тим од Неготино.
Струга 2009 – Спорт Тим 52:48 (по четвртини 15:16;08:13;11:12;18:07).
Во тврд и неисвесен натпревар со многу резултатски промени Жкк Струга 2009 финисираше подобро и забележа победа. Нашиот тим е непоразен на стартот од првенство и има 2:0 однос победи и порази. Најефикасните во нашиот состав беа: Муртазаи со 20п со 4 постигнати тројки, Хиса забележа 11п, Зиба 7п, Алексиеска 5п, Крацоска 4п, Белкоска 3п и Муртиши 2п.Кај гостите најдобри беа украинските интернационалки Остапук и Ковтин со 15 п, односно 14п.
Натпреварот бесе вистински тежок, прво заради нивната убедлива победа во прво коло , и со факт дека се засилени со 2 украински кошаркарки кои и покажаа дека се доста квалитетни. Второ ние имаме многу натпревари затоа што во сениорска лига играме со 7 јуниорки и 5 кадетки и малку сме уморни. Имасе многу тактички надмудрувања , но во завршница бевме подобри ,предводени од Муртазаи,Хиса и Белкоска и во пенал заврсницата смирена Алексиеска ни донесе победа со 3 погодени слобони фрлања. Честитки до девојките и се надевам ќ продолзиме уште посилно. – изјави тренерот на Струга 2009 Владимир Ѓоровиќ




