Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави скратениот список на повикани ракометари за собир за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Данска во рамките на ЕУРО 2022 година.
Сениорката репрезентација за време на ЕХФ неделата ќе одигра два квалификациски натпревари против репрезентацијата на Данска. Првиот натпревар сениорската репрезентација ќе го одигра во СЦ “Борис Трајковски” на 11.03.2021 (четврток) во 20:00 часот, вториот натпревар против Данска ќе го одираат во Алборг на 14.03.2021 (недела) во 16:00 часот.