Саша Димитријевиќ, координаторот за женска кошарка при кошаркарската федерација, го закажа првиот селективен тренинг за кошаркарки родени 2006 година. Селективниот тренинг ќе биде одржан на 16. јануари 2021 година во (сабота), а ќе биде реализиран во периодот од 12. до 14. часот.
Најдоцна до 14. јануари (четврток), клубовите кои партиципираат во оваа возрасна категорија треба да испратат список на играчи кои ќе присуствуваат на селективниот тренинг камп
Освен тоа, на овој собир треба да се и тренерите кои се вклучени во проектот за менторирање на тренери кои работат со млади кошаркарки, затоа што во истиот термин ќе се одржи вториот дел од обуката од проектот.
Извор и фото: https://kfsm.mk/



