Во пресрет на гостувањето на Наполи кај Гранада во првиот дуел од Лигата на Европа. Гатузо не смета речиси на целот тим, вечерва нема да играат: Лозано, Мертенс, Деме, Петања, Оспина, Манолас, Хисај, Гулам, Ди Лоренцо и Кулибали.
Отсуството на Лозано и Мертенс значи дека Елмас вечерва речиси сигуно ќе биде стартер, со тоа што ќе има поофанзивна задача во однос на претходните натпревари, односно се очекува да игра на една од крилните позиции. Првиот дуел од 1/16 фазата е закажан во 21 часот, а седум дена подоцна е предвиден реваншот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол.