Напоредно со почетокот на плеј-офот на Суперлигата, започнуваат натпреварите и од Купот на Македонија. Сите суперлигаши ќе се вклучат уште во првото коло, во кое ќе се игра по елиминациски систем.
Победниците од елиминациската фаза ќе формираат четири четвртфинални групи, а победниците ќе обезбедат место на завршниот турнир во мај годинава. Квалификационите натпревари ќе се играат на 24 и 25 февруари, четвртфиналните групи на 31 март и 1 арпил, а „фајнал-фор“ турнирот е на програмата од 21 до 23 мај. Со ждрепка ќе бидат одредени паровите, а дополнително ќе биде познат домаќинот на завршниот турнир.