Денеска, заедно со Министерството за спорт, го претставивме новиот проект за промоција на македонскиот спорт!
Како Ракометна федерација на Македонија, заедно со Кошаркарската и Одбојкарската федерација, потпишавме договор за соработка со Македонската радио телевизија – МРТ, со една јасна цел – да го вратиме спортот таму каде што му е местото: пред очите на јавноста, на екраните во секој дом!
✅ Ќе се емитуваат македонски првенства секоја недела
✅ Ќе ја зголемиме видливоста на македонските спортисти
✅ Ќе отвориме врата за повеќе спонзори и поддржувачи
✅ Ќе инспирираме илјадници деца да започнат со спорт
Ова е само првиот чекор од нашата посветеност кон популаризација, професионализација и поддршка на домашниот спорт. Време е младите таленти да добијат заслужено внимание, а македонските спортски лиги – вистинска поддршка!
Нашиот интерес како федерација е јасен: повеќе спорт на ТВ, повеќе деца во сали и на терени, повеќе идни спортски ѕвезди, и конечно – поздраво и посплoтено општество! – стои во објавата на РФМ




