Нигеријскиот голгетер и репрезентативец кој игра на десна бековска позиција Обина Ани е нов член на тимот на ГРК Тиквеш 2014. Ова денес беше објавено на официјалната страница на клубот.
Последен клуб на Обина Ани репрезентативецот на Нигерија му беше руски Зенит. Тој е второ засилување за составот од Кавадарци по Мирко Мајиќ, додека нови договори потпишаа Страхиња Симиќ, Никола Стефановиќ, Славчо Шулески, Евгениј Темелкоски и Димитар Коцев.