Реал Мадрид нема да има можност да го брани трофејот во Суперкупот на Шпанија откако синоќа беше елиминиран во полуфиналето. Кралевите загубија со 1:2 од Атлетик Билбао, па Баскијците ќе играат против Барселона во финалето за пехарот.
За Реал Мадрид ова беше прв пораз во последниот месец и пол и ја прекина низата од девет средби без пораз. Голманот на Реал, Тибо Куртоа, дозволи и по деветти пат по ред да прими гол од пенал.