И додека во Скопје е миленик на навивачката група Комити, во Бања Лука не се задоволни од Веселин Вујовиќ кој е блиску до враќање на клупата на Вардар.
– Разочаран сум од Веселин. Тој е едно големо и многу скапо промашување. Многу погрешивме што го ангажиравме. Имаше неверојатни услови за работа, а ние за возврат добивме апсолутно ништо. На крајот се покажа дека ние сме му само попатна станица. Да му помине времето додека се пресели во Скопје – изјави потпретседателот на клубот, Маринко Умичевиќ.



