Бербата на нови бодови за што повисок пласман на првенствената табела, тимот на ФК Октиси Спорт ја продолжува во Струга во рамките на 14 коло од Трета лига – Југозапад против тимот на Влазними.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот на К.Ф. Влазними – Струга, во недела 14.03.2021 година од 14:30 часот. Моменталниот пласман на ФК Октиси Спорт е на осмо место со 20 освоени бода, додека Влазними котира на високото четврто место со 25 освоени бода.




