Тотенхем тешко ќе ја преболи елиминацијата во Лигата на Европа, особено што им ја нанесе одличниот Динамо Загреб кој вчера со победата од 3:0 приреди сензација на „Максимир“.
Англиските медиуми тврдат дека првите ѕвезди на тимот, Хари Кејн и Сон Хеонг Мин, ќе тргнат во потрага по нови предизвици, односно да играат во екипи со поголеми амбиции.
Квалитетот на Кејн и Сон е неспорен, но Тотенхем тешко се откажува од своите најдобри фудбалери, а воедно пандемијата со корона-вирусот им оневозможи на повеќето европски гиганти да се расфрлаат со пари, па затоа се поставува прашањето дали ќе се истакне клуб кој ќе може финансиски да ги обезбеди услугите на најдобрите играчи на ,,Петлите” од Лондон.