Радовиш во 9. коло од плеј-аутот во Супер лигата ја совладаа екипата на Младост со 22:27 на гостувањето во Богданци и стигнаа до петтата победа во петтиот дуел. Најефикасен кај Радовиш беше Ивица Илиев со 6 гола, а кај Младост исто толку даде Мите Караиванов.
Јуниор Кисела вода дојде до нова победа откако денес го совлада тимот на Голден Арт КЛ 7 со 43:37 во ефикасен натпревар на двете страни. Игор Мршуља даде 18 гола и беше прво име на мечот. Кај КЛ 7 најефикасен беше Ѓорговски со 9, додека Симоноски и Димоски дадоа по 8.



