Марјан Радески го засилува нападот на Академија Пандев. 25-годишниот сениорски репрезентативец на Македонија денеска потпиша договор и се приклучува на подготовките за новата сезона.
Еден од најдобрите напаѓачи во нашата лига кој подеднакво добро игра и на крилните позиции доаѓа како големо засилување за нашиот тим. Радески претходно во кариерата има настапувано за екипите на Шкендија, Металург и 11 Октомври Прилеп.
„Добредојде Марјан и ти посакуваме многу голови во дресот на Академија Пандев! “ – му посакаа од Академија Пандев.