По три децении чекање, Ајдовшчина повторно ќе игра во најсилната словенечка ракометна лига. Тимот предводен од македонскиот стратег Раде Стојановиќ обезбеди историски камбек во елитата, откако во драматичното финале од плеј-офот по изведување пенали го совлада Мокерц КИГ со 27-26.
Регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 24-24, а во пенал серијата повеќе присебност покажаа ракометарите на Ајдовшчина, кои на крајот го прославија големиот успех пред своите навивачи.
Во составот на победничкиот тим настапува и македонскиот десен бек Михаил Иваноски, кој во текот на сезоната имаше значајна улога во походот кон првата лига




