Попладнево во заостанатиот натпревар од 12. коло составот на Работнички триумфираше на гостувањето со 74:75 против МЗТ Скопје Аеродром. Кај Работнички најдобри беа хрватскиот интернационалец Бундовиќ со 16 поени, колку што има и неговиот тимски колега, Словенецот Мулалиќ. На спротивната страна Мекиќ реализираше 18 поени, а Гравет и Крстевски го следеа со по 15.