Екипата на Челтенам дојде до првата историска победа во англиската трета лига, откако во третото коло направи сензационален подвиг.
Имено, момците од Глостершир на домашен терен со пресврт славеа над Ипсвич Таун со резултат од 2-1.
Гостите го добија првиот дел со 0-1, откако новото засилување, Мет Пини (9′), го отвори резултатот со својот дебитантски погодок.
Во второто полувреме, Челтенам ја презеде иницијативата, која кулминираше со двата победоносни погодоци на Калум Рајт (62′) и на Вилијам Бојл (81′).
Ипсвич, кој во пресрет на сезоната се засили со бројни квалитетни фудбалери (Мекоули Бон, Конор Чаплин, Џорџ Едмундсон, Џоу Пигот…) има само едно реми и два порази во новата првенствена авантура.
Од друга страна, Челтенам, освен првата победа, има уште едно реми и еден пораз.