Струга и Прилеп утре од 17:15 часот ќе го отворат 48-то издание на Струшкиот ракометен турнир. Годинава поради пандемијата Covid 19 на турнирот ќе учествуваат само Македонски екипи.

Ова ќе биде воедно и првиот ракометен меч во Македонија во време на пандемијата Covid 19 бидејќи натпреварот Металург и Еурофарм Пелистер траеше само неколку минути поради лизгавиот терен во Маврово.



