вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Прв пораз на Џио Струмица, прва победа на ГОК Борец во Втората фаза-1

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
март 22, 2021
📁 Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Откако ги загуби претходните три меѓусебни натпревари, Универзитет во Тетово конечно успеа да го совлада составот на Џио Струмица. Во саботното дерби во салата „Парк“, тетовци му го нанесоа првиот пораз сезонава на последниот освојувач на двојната круна кај нас, а со тоа можеби ја кренаа самодовербата пред претстојните завршни средби за пехарот во купот.

Водечката екипа успеа да направи пресврт и да поведе со 2:1, но гостинските одбојкари ја задржаа смиреноста и ја запишаа 13. победа во 17. сезонски настап. Сепак, овој резултат нема некое посебно влијание на табелата затоа што Џио Струмица е безбедна на врвот со биланс 16-1, односно со три триумфи предност пред Универзитет во Тетово, којшто уште отсега го обезбеди второто место пред разигрувањето.

Иако до крајот на Втората фаза-1 има уште четири рунди, делува неверојатно тетовци да напредуваат, како што изгледа само теоретски можно да бидат загрозени од Вардар. ,,Црвено-црните” претрпеа пораз од ГОК Брец со 3:2, па сега се на негатива од три победи во однос на Универзитет.

Велешани се радуваа првпат во најсилното друштво, но и тие имаат само теоретска опција да исчекорат од четвртото место. Според сите параметри, двојките за полуфиналето во Првата лига се познати одамна, а во однос на полуфиналето на купот, разликата е во тоа што на завршниот турнир за куп-пехарот, од петок до недела во Струмица, наместо ГОК Борец ќе учествува Шкендија, која е првопласирана во Втората фаза-2, сега со победа предност пред Штип УГД.

Тетовскиот тим го загуби локалното дерби со Лирија со 3:1, а штипјани очекувано се вратија со триумф со од гостувањето кај Дибра Волеј. Лирија е трета и во директен дуел ќе има шанса да ја преземе втората позиција од Штип УГД, а со тоа да биде на шестото место во конечното рангирање за сезоната 2020/21. Весна Пробиштип е зад водечката тројка во оваа конкуренција, а седмиот успех ,,зелено-црните” викендов го остварија кај Јанта волеј со 3:1.

Фото и извор: Одбојкарска федерација на Македонија @volleyballmkd  

ShareTweet
Претходна вест

(Фото) Силен противник за Македонија во баражот за Светско првенство

Следна вест

Видиќ кандидат за претседател на фудбалскиот сојуз на Србија

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Видиќ кандидат за претседател на фудбалскиот сојуз на Србија

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.