Пролет на гостувањето кај Струга славеше со 23-30 (полувреме 11-16) и со тоа си обезбеди ново учество во Европа. Кај Струга најефикасен беше Филип Пајкоски со 5 гола, додека кај гостите Палевски со 8 погодоци.

Бутел во последното коло од плеј-офот победи со многу мака 29-28 против екипата на Еурофарм Пелистер 2. Мирко Мајиќ со 7 гола беше најефикасен во Бутел, додека кај битолчани Павле Атанасијевиќ даде 10 гола.



