Роналд Куман ќе остане тренер на Барселона и во следната сезона. Ова е одлуката на новото раководство на каталонскиот гигант, на чело со претседателот Жоан Лапорта, тврдат Каталуња радио и ТВ 3.
Според медиумите од Каталонија, Лапорта имал состанок со Куман, а холандскиот стратег добил целосна поддршка од претседателот. На средбата биле и спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани и техничкиот шеф Рамон Планес, кои посочиле дека Куман одлично ја врши својата работа и тимот оди во вистинска насока. Куман дојде на клупата на Барселона на почетокот на оваа сезона, а договорот му е до јуни 2022 година.



