РК Прилеп на 27 јули ги започнува подготовките за новата сезона, а ќе учествува и на ракометниот турнир во Струга
Повратникот во Суперлигата, екипата на РК Прилеп припремите за новата сезона ќе ги започне на 27 јули, и истите ќе се одвиваат во Прилеп, а мал дел и во Струга.
Оваа година прилепскиот суперлигаш ќе биде учесник на 48-то издание на Меѓународниот турнир во Струга. За прв пат екипата на Прилеп ќе земе учество на турнирот во Струга кој е од Меѓународен карактер, но оваа година поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 учество ќе завземат 8 македоноски, исклучително силни екипи кои ја претставуваат Македонија во Лигата на Шампионите и Лигата на Европа.
Покрај Прилеп и домашната екипа на Струга ќе настапат уште и Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Пролет, Бутел Скопје, Охрид. Турнирот ќе се одржува од 12 до 16 август на отвореното ракометно игралиште ,,Горан Попоски Бабец”.