Во рамките на женската кошаркарска Прва лига, Група Запад, тимот на ЖКК Бадел 1862 среде Гостивар дојде до нова победа за максимален учинок и триумф над истоимената екипа со резултат од 102:40 по четвртини (29:11, 22:18, 25:4 , 26:7).
Баделки до новата победа ги предводеше Александра Стојановбска со 33 поени, а во чекор ја следеа Марковска со 17 поени, Димитријевиќ со 14 поени, Блажевска 8 поени, Максимовска 7 поени, Глигорова и Лазаревска со по 6 поени, Цветановска со 5 поени, Николов со 4 и Адамовска со 2 поени. Кај домаќинот, екипата на ЖКК Гостивар, најефикасна беше Петреска со 15 постигнати поени.
Фото и извор: http://www.wbcbadel1862.com.mk/