Стефан Терзиќ поранешниот ракометар за Вардар потпиша за Талент Плзен вицешампионот на Чешка, новиот клуб на македонскиот ракометар Никола Костески.
Терзиќ покрај Вардар играше за Ла Риоха (Шпанија), Бенфика (Португалија), Потаиса Турда (Романија), Талент Плзен (Чешка), Рамат Хишарон (Израел), а последната сезона играше Целј во Словенија.