Десното крило Гоце Георгиевски, реши уште една сезона да игра во дресот на Вардар.
Клубот е среќен што популарниот „Џомба“ се согласи да биде дел од тимот, и не само да игра на позицијата на која и досега настапуваше, туку и да им помогне на соиграчиte на тоа место да напредуваат и да се усовршуваат.
Вардар во иднина ќе го има речиси истиот тим со кој и сезонава сме во игра за шампионската титула, а Гоце Георгиевски дава сериозен придонесе во тоа. Тој со екипата на Вардар беше и шампион на Македонија, го освои и Купот и Супер купот, играше и во Лигата на шампионите, и претставува легенда на македонскиот ракомет.