Викендов кој помина се одржа родендеската прослава за 25 годишниот јубилеј на Кафе Бар “9”.
Од срце Ви благодарам, со вашето присуство, настанот “25 години ДЕВЕТКА” го реализиравме со луѓе кои многу значат за мене и фирмата. Благодарност и до оправдано отсутните. – изјави сопственикот на локалот Крсте Јованоски по повод јубилејот на кафе-барот.
Кафе Бар “9” од с. Мислешево, Струга веќе 25 години е простор каде стружани и останатите ги поминуваат своите слободни моменти во пријатен амбиент, одлично кафе или пијачка, надополнети од прекраснииот персонал и харизматичнииот сопственик Крсте Јованоски.
Популарната “Деветка” четврт век е бренд препознатлив не само за Мислешево и Струга туку и пошироко. Помагатели на многу спортски, културни и хуманитарни настани, “Деветка” е еден од ретките примери како треба да се однесува секоја општествено одговорна институција.
Среќен 25 -ти роденден “ДЕВЕТКА” , посакуваме да се видиме заедно на 50 – от јубилеј.