Доцна синоќа се одигра осминафиналето во Купот на Швајцарија каде тимот на Амичитија Цирих каде игра нашето десно крило Мартин Поповски, славеше на гостувањето против Отмар Сент Гален со 30:33 (полувреме 15:17).
Лидер во победата беше македонскиот репрезентативец Мартин Поповски со 9 гола од 12 обиди, а притоа треба да се истакне дека добро се снајде на позицијата десен бек каде одигра во голем дел од натпреварот.